Претходна статија
20 милиони евра за „барокизација“ на универзитетскиот кампус
Следна статија
Доцни изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово

Ќе се гради нов објект на Домот на културата во Автокоманда

Објавено на 01.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Културно здание на приземје и два ката ќе се издигне на местото на постоечките бараки на Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда. Општина Гази Баба пронајде приватен инвеститор што ќе инвестира на градежната парцела со површина од 1.142 метри квадратни. Локацијата за градење беше продадена на електронско јавно наддавање по цена од 1.320 денари за метар квадратен, односно земјиштето беше откупено за вкупно 1.507.440 денари, или околу 25.000 евра. Од објектот со вкупна изградена површина од 1.737 метри квадратни, локалната самоуправа во иднина ќе добие 543 метри квадратни. Името на инвеститорот во новиот објект ќе биде познато по уплатата на сумата за продадената парцела на вчерашната електронска аукција.

 

 

 

Инвеститорот ќе има рок од девет месеци за да обезбеди одобрение за градење од општина Гази Баба. Културното здание треба да го изгради во временски период од 48 месеци. Негова ќе биде обврската да ги сруши постоечките бараки на парцелата, во кои со децении наназад пред скопјани беа изведувани претстави од аматерскиот театар „Чекори“. Новоизградениот објект ќе има единствена намена за културни дејности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk