Претходна статија
Опозицијата бара повлекување на спорните ДУП-ови во Аеродром
Следна статија
Пуштен во употреба објектот на јавната администрација во Струмица

Ќе се гради катна гаража во Охрид

Објавено на 03.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја гради првата катна гаража во Охрид. Објектот е планирано да се гради кај Центарот за култура во строгиот центар на градот. Државната компанија денеска објави Конкурсот за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ, во чиј состав се влегуваат Звонко Кушоски, Снежана Галовска и Миле Славковски.

 

 

 

Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак, во текот на 2017 година. Информацијата за издигнување на овој инфраструктурен објект прв ја објави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот од февруари 2016 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk