Претходна статија
Ставени под напон две инвестиции на МЕПСО вредни 4 милиони евра
Следна статија
Владата ќе бара инвеститори за изградба на 30 објекти покрај патиштата

Ќе се дозволи ли изградба на десеткатница на Водно?!

Објавено на 16.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По подолго време, промената на урбанистичките планови за централното градско подрачје повторно во фокусот на вниманието на јавноста. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на денешната прес – конференција објави дека на петочната седница на Советот на општина Центар ставени се на дневен ред измените на три ДУП-ови, и тоа Мал Ринг, Водно – Капиштец и Тасино Чешмиче 1, идентични предлози кои не поминаа на општинската седница во септември минатата година. Овие предлози се доставени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Жерновски истакна дека е против донесувањето на измените во урбанистичките планови и се надева дека така ќе гласаат и самите советници.

 

* За краток период се појавија две опасни свлечишта на Водно, и без изградба на десеткатница

 

 

Според првиот човек на општина Центар, со најновите предлози ќе се овозможи изградба на десеткатница на местото на хотелот „Панорама“ на Водно, ќе се овозможи изведба на барокна фасада и на надградба на ГТЦ, но и ќе се внесат измени во ДУП Тасино Чешмиче 1 што се во спротивност со веќе донесениот Генерален урбанистички план на Град Скопје, кој е со важност до 2022 година. Градоначалникот Жерновски напомена дека урбанистичките планови со најавените измени ќе постанат нефункционални. „Ова јасно покажува дека протестите пред општината не беа за црквата на плоштадот, туку за хотелот „Панорама“. И тоа не на четири спрата, како што беше во стариот ДУП, туку на истото место да никне десеткатница“, изјави тој.

 

На денешната прес – конференција се говореше и за оставањето простор проектот „Скопје 2014“ да се прошири и на Градскиот трговски центар, штоби можело да се реализира со донесувањето на новите измени на ДУП Мал Ринг. „Евентуалното изгласување на овој ДУП, ќе значи не само барок на ГТЦ туку и можни надоградби“, истакна Жерновски. Против ваквата одлука лиферувана во медиумите неодамна се огласи и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, која јавно побара спроведување на референдум за зачувување на автентичноста на ГТЦ.