Претходна статија
Санацијата на „Пошта 1“ се одолговлекува веќе четири години
Следна статија
Промоција на почетната студија за домување на Ромите во Општина Чаир

Ќе се доврши уредувањето на кејот на Луда Мара во Кавадарци

Објавено на 09.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кавадарци и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион денеска потпишаа договор за уредување на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Градежниот зафат ќе чини околу 15 милиони денари. Станува збор за третата и последна фаза од уредувањето на коритото на реката Луда Мара, со која е опфатена должина од 355 метри. Проектот ќе се финансира заеднички во соработка помеѓу локалната самоуправа и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

 

 

Заедно со уредувањето на речното корито, со претстојниот зафат е планирано да се изведат два пешачки моста и да се постави урбана опрема и јавно осветлување. Најголем дел од уредувањето на кејот на Луда Мара беше комплетиран во текот на мај 2010 година. Во првите две фази беа опфатени над 3 километри од речното корито кај Кавадарци.