Претходна статија
Објектот на Албански театар ќе биде реконструиран до крајот на 2017 година
Следна статија
„Чакар-Партнерс“ ќе го подготви основниот проект за Јужен булевар

Ќе се доградува улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Објавено на 21.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје наскоро ќе ја започне со градежни работи на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од раскрсницата со улицата „Бутелска“ до првата улица за влез во гробиштата „Бутел“. За реализација на проектот е потпишан договор со гостиварската фирма „Пелагонија АД“ во висина од 18,5 милиони денари. Зафатот треба да се спроведе во целост во наредните шест месеци.

 

* Кружниот тек во населбата Бутел пред неговото отворање; Фото: Град Скопје

 

Градските власти пред неколку години изградија кружен тек во населбата Бутел, кој беше формиран на дотогашното вкрстување на улиците „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“. Оваа сообраќајница тогаш доби две сообраќајни ленти со велосипедска и пешачка патека во близина на самиот кружен тек.