Претходна статија
Нови социјални станови ќе се градат низ неколку градови во Македонија
Следна статија
Конкурс за избор на идејни решенија за поставување улични библиотеки во Скопје

Ќе се бара ново решение за споменикот на Мајка Тереза

Објавено на 30.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Владата на вчерашната седница го задолжила Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на недовршената скулптурална композиција на Мајка Тереза на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје. Како што накратко се информира во владиното соопштение, надлежното министерство ќе треба да распише нов јавен конкурс за избор на идејно решение за пренамена на објектот посветен на Мајка Тереза, при што Министерството за култура за резултатите од спроведените активности ќе треба да ја информира владата, во рок од 5 месеци.

 

 

Во постојниот ДУП „Мал Ринг“ е вцртана маркичката со намена В3-култура, која што опфаќа можност на оваа локација да се изградат објекти со различни дејности, меѓу кои се театри, кино сали, музеи, галерии и слични културни установи. Од Државниот завод за ревизија веќе посочија дека Министерството за култура градело споменик на локација на која не е предвидено да се изведува еден ваков објект. Во урбанистичкиот план е вцртано здание со површина од 621 метри квадратни.

 

Во изминативе три години на оваа локација беше започната изградбата на скулптуралната композиција на Мајка Тереза, чија висина беше предвидено да изнесува десетици метри над земја. Бетонската конструкција за идното обележје веќе е завршена, а по промената на власта проструија неколку идеи за тоа што би можело да се прави со овој недограден објект од „Скопје 2014“ во строгиот центар. Работното тело за анализа на „Скопје 2014“ има изготвено и елаборат со препораки околу судбината на оваа недовршена градба.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk