Претходна статија
Американската амбасада за комшии ќе добие две културни зданија
Следна статија
ЕУ ќе инвестира во Коридорот 4, македонските коридори заобиколени!

Ќе има нов тендер за довршување на зградата на „Водовод и канализација“ под Скопското кале

Објавено на 22.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Поништен е тендерот за доизградба на барокната управна зграда на „Водовод и канализација“ во центарот на Скопје [»мапа]. Според информациите на весникот „Вечер“, раководството на јавното претпријатие се одлучило на ваков чекор поради некомплетната документација на двете заинтересирани компании, кои доставиле понуди на распишаниот повик од почетокот на септември годинава. За конечно пронаоѓање на изведувач на градежните работи, од Ј.П. „Водовод и канализација“ најавуваат дека ќе распишат нов меѓународен тендер во наредните неколку дена.

 

*Зградата на „Водовод“ се гради врз основа на идејното решение на Жарко Чаушевски

 

 

И додека тече тендерската постапка, градилиштето на овој административен објект под Скопското кале мирува веќе четврти месец. Австриската компанија „Алпине Бау“ која беше главен изведувач на работите, банкротираше на крајот на јуни годинава, со што прекина и изградбата на ова барокно здание, кое во моментов е доведено на ниво на карабина.  Изградбата на управната зграда на „Водовод и канализација“ започна на почетокот од декември 2011 година, врз основа на идејното решение изработеното од страна на архитектот Жарко Чаушевски. Тогашниот планиран рок за завршување на работите изнесуваше три години.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект