Претходна статија
Зонското паркирање профункционира во Куманово
Следна статија
Заврши јубилејната „Меѓународна летна школа за архитектура 2011“

Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

Објавено на 22.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на Радовиш најави дека нема да се продолжи крајниот рок за поднесување барања за легализација на објектите и дека сериозно се размислува за воведување парични санкции за граѓаните кои нема да поднесат барање за легализација на бесправно изградените објекти.

 

„Сериозно размислуваме да не го продолжиме овој рок и да има парични санкции за лицата кои не поднеле барање согласно законот, бидејќи самото поднесување на барањето не е подолго од три минути“, истакна министерот Јанакиески. Воедно, министерот испрати и апел до граѓаните да не го чекаат крајниот датум за поднесување на барање за легализација на објектите.

 

Законот за легализација на бесправно изградени објекти стапи на сила на 3 март 2011 година, а граѓаните имаат рок до 3 септември 2011 година да поднесат барања за легализација на дивоградбите. Со законот се предвидени низа олеснителни околности, како што е малиот број потребни документи и цената од едно евро по квадрат за легализација на објектот.

 

 

Бојан Блажевски