Претходна статија
Дебарскиот регион годинава ќе добие реконструирани патишта
Следна статија
Во Гостивар, Кочани и М.Брод се градат 123 социјални станови

Кавадарци со приватен партнер ќе го отвора олимпискиот базен

Објавено на 09.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кавадарци распиша оглас за пронаоѓање на приватен партнер за најавената реконструкција и доградба на затворениот олимписки базен во градот. Концесионерот на спортското здание ќе треба да вложи сопствен капитал во проектот, а во замена ќе се стекне со правото за управување на базенот. Вредноста на идниот концесиски договор е проценета на 42,4 милиони денари, без вклучен ДДВ. Повикот за воспоставување јавно-приватно партнерство е отворен до 4 јули, по што ќе следи изборот на најповолен понудувач.

 

Локалната самоуправа при селекцијата на понудите ќе се задржи на три критериуми: времетраењето на договорот за јавно-приватно партнерство (60 бодови), рокот за реконструкција и изградба на објектот што ќе го зададе инвеститорот (30 бодови) и висината на концесискиот надоместок за општина Кавадарци (10 бодови). Постапката следува откако локалните власти пред четири години со судска одлука повторно го добија базенот во своја надлежност.