Претходна статија
Пако Радовановиќ ќе одржи предавање на 8 ноември на скверот на АФС
Следна статија
Гевгелија доби нов водоснабдителен систем вреден 1,7 милиони евра

Кавадарци одлучно ја отфрли иницијативата за изградба на тешка и загадувачка индустрија

Објавено на 06.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко живот“ за само неколку дена успеа да собере 12.000 потписи од жителите на Кавадарци против изградбата на цинкара во градот. Заедно со ваквиот успех на невладината организација, Советот на општина Кавадарци денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно се изјаснија против барањето на инвеститорот ИГМ – Трејд за пренамена на градежното земјиште од Г2 во Г1, односно советниците се изјаснија против отворањето на можност во Кавадарци да се гради тешка и загадувачка индустрија. Ваквата одлука на кавадаречкиот совет беше донесена едногласно од партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а неа ја поддржа и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

 

 

Откако голем дел од јавноста и општинската администрација во Кавадарци се одлучи да се изјасни против изградбата на цинкара во Кавадарци, останува да реагира Министерството за животна средина и просторно планирање, до кое всушност и беше доставено известувањето за намера за изведување на овој проект. Одбиениот проект од кавадарчани, меѓу другото, предвидува изградба на комплекс од ладна валавница и цинкара за топло поцинкување на цевки и други челични производи.