Претходна статија
Ќе се реконструираат центрите за социјална работа и основни училишта
Следна статија
Словачки „ЖОС Трнава“ ќе произведе 150 товарни вагони за МЖ - Транспорт

Кавадарци ќе го решава проблемот со паркирање

Објавено на 17.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Паркот „Алеја на Великаните“ во КавадарциВтор обид за изградба на монтажен паркинг во Кавадарци. По предизборниот камен – темелник во април годинава, локалната самоуправа од овој град го започна процесот за реализација на проектот кај паркот „Алеја на великаните“, со што треба да го реши проблемот со недостигот на простор за паркирање. Предвидено е со неговата изградба да се обезбедат 100 нови паркинг места во центарот на градот. Финансиската конструкција на проектот изнесува 30 милиони денари, а изведувач на градежните работи е фирмата „Градба промет“. Од општината напоменуваат дека проблемите со земјиштето и далноводите за струја се причините за пролонгирање на реализацијата на монтажниот паркинг.

 

Општина Кавадарци предвидува дел од градскиот ан во наредниот период да го пренамени во паркинг простор, со што би се обезбедиле дополнителен број на паркинзи за граѓаните. Во 2014 година ќе следува изработка на студија за јавно – приватно партнерство, по чија подготовка е предвидено да се реализира и проектот за зонско паркирање во Кавадарци. Локалната власт размислува и за воведување на пајак служба, која во иднина би функционирала заедно со наплаќањето на услугата за паркирање во градските зони.