Претходна статија
Со европски средства се обезбеди вода за пиење за локалитетот Беровско езеро
Следна статија
Итна санација на железничкиот мост кај Велес за да се отвори за сообраќај пругата кон Солун

Кавадарци го работи проектот за изградба на нов градски пазар

Објавено на 16.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кавадарци во наредните месеци ќе го подготви основниот проект со сите фази, ревизија и елаборати за изградба на нов градски пазар. Објектот би бил лоциран на постојната локација во Кавадарци, а во негови рамки би се доградил подземен паркинг и современо сообраќајно решение за корисниците на пазарот. Градскиот пазар во иднина би претставувал објект со две надземни и две подземни нивоа, за чија изведба е неопходно изработување на проектна документација.

 

 

Локалните власти ја избраа кавадаречката фирма „Дизајн Центар Инжењеринг“ за подготовка на основниот проект. Од општинскиот буџет се издвоени околу 600.000 денари за оваа намена. Идејата на градските власти е јавниот простор на пазарот во Кавадарци да добие повеќе функции. Во периодите кога нема да работи градскиот пазар, целокупниот простор би можело да се пренамени во градски паркинг.