Претходна статија
Почнува уредувањето на плоштадот Карпошово востание
Следна статија
Реконструкција на улицата Козле

Кавадаречки ИГМ најавува изградба на железарница кај Дуброво

Објавено на 07.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кавадаречката компанија „ИГМ Трејд“, која произведува заварени цевки и профили и која е помеѓу 10-те најголеми македонски извозници, најавува амбициозна инвестиција во вредност од околу 100 милиони евра. На површина од еден милион метри квадратни, компанијата планира да гради железарница кај Дуброво, Неготинско. Според генералниот директор, Илија Гечев, во тек е откупот на земјиштето, а новиот капацитет ќе профункционира за една година. Во фабриката ќе се произведува топловалан и ладновалан челик, поцинкувани и пластифицирани лимови

 

Советниците на Општина Неготино ја прифатиле иницијативата на „ИГМ Трејд“ за отпочнување постапка за изработка на урбанистички план. Во локалната самоуправа очекуваат близу 1.000 нови вработувања. „ИГМ Трејд“ во моментов има околу 350 вработени. Минатата година има остварено приход од близу 72 милиони евра и нето добивка од околу 10 милиони евра.