Претходна статија
Се комплетира Спортскиот центар „Борис Трајковски“
Следна статија
Барок спроти Соборниот храм

Катна гаража под Кале

Објавено на 07.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП „Централно зеленило покрај река Вардар - Парк 2“На јавно наддавање се нудат под долготраен закуп 13.050 метри квадратни државно земјиште во Општина Центар, поточно на левиот брег на Вардар, под амбасадата на САД. На локацијата е предвидена катна гаража, а закупот е одреден на 40 години, со можност инвеститорот да го откупи земјиштето со непосредна спогодба доколку исполни одредени услови. Парцелата е зацртана со Деталниот урбанистички план „Централно зеленило покрај река Вардар – Парк 2“ усвоен на 27.02.2009. Со него е предвидено објектот да има катност П+7 и висина од 27 метри од нивото на новопланираната улица спрема Вардар и само приземје со висина од 3 метри од нивото на улицата Лазар Личеноски. Површината за градење изнесува 7.352 метри квадратни, додека коефициентот на искористеност на парцелата изнесува 4,51. Заинтересираните можат да се пријавуваат во Министерството за транспорт и врски најдоцна до 23.07.2010, а јавното наддавање е закажано за 04.08.2010. Почетната цена за едногодишна закупнина е 190 денари за метар квадратен.


Оваа катна гаража е предвидена и за потребите на Националната арена „Филип Втори“. Со истиот урбанистички план, во овој реон е предвидена изградба и на пет хотели, спортски центар и уште еден пешачки мост за поврзување на стадионот со левиот брег на реката.