Претходна статија
„Бошков мост“ и „Луково поле“ се најдоа и пред Советот на Европа
Следна статија
Позитивни статистички показатели за градежништвото во октомври

Карпош ќе ја обновува инфраструктурата со кредит од 800 илјади евра

Објавено на 09.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Инфраструктурните проблеми во скопската општина Карпош ќе се решаваат со пари од Светска банка. Градоначалникот Стевчо Јакимовски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска го потпишаа договорот за заем, кој се реализира во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги. Локалната самоуправа ќе добие 48 милиони денари за реализација на инфраструктурни проекти, како што е изградбата на атмосферска канализација на седум локални улици и реконструкцијата на две сообраќајници. Општина Карпош ќе го враќа кредитот од сопствениот буџет, со рок на отплата од 13 години, со три години грејс период и каматна стапка од 0,6%.

 

„Со денешното потпишување на договорот од 48 милиони денари ќе се реализираат значајни проекти за општина Карпош во делот на атмосферската канализација во Влае 1 и Владо Тасевски, како и реконструкција на две улици во Тафталиџе 1 и Пецо Божиновски Кочо. Општината со својата инвестициона програма истакна повеќе барања и повеќе проекти, од кои овие беа оценети како најприоритетни, а беа прифатени и од Министерството за финансии“ изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

Заемот од Светска банка во висина од 56 милиони евра досега го искористиле 34 општини, кои повлекле вкупно 26 милиони евра. Со проектите на локално ниво се поддржуваат инфраструктурните зафати, како и изградбата на училишта и градинки.