Претходна статија
Се враќа кредитот за изградба на Клинички центар во Скопје, го нема конкурсот за новата локација
Следна статија
Нова велосипедска патека изградена на булеварот „8 Септември“

„Карпош АД“ со намалена добивка од работењето во првите шест месеци од годинава

Објавено на 29.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Компанијата „Карпош АД“ од Скопје во првите шест месеци од годинава остварила нето добивка од 3.318.000 денари, наспроти остварената добивка од 17.300.000 денари во идентичниот период лани. Приходите од продажба се во износ од 217.678.000 денари и истите во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи и реализација на големо на домашниот пазар и приходи по времени ситуации. Во делот на расходите, во првите шест месеци од 2018 година тие се искачиле на 193.603.000 денари, односно истите бележат незначителни промени во споредба со истиот период од минатата година. Расходите по основ на камати се на износ од 4.106.000 денари.

 

*Фабрика Карпош А.Д. Скопје

 

„Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплекс Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д. Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата“ се наведува во неревидираниот финансиски извештај за периодот јануари – јуни 2018 година, објавен на веб – страницата на Македонска берза.