Претходна статија
Заврши изградбата на вториот сегмент од автопатот Приштина - Скопје
Следна статија
Догодина ќе се доврши изградбата на пругата Битола - Кременица

„Карпош АД“ ќе го доградува водоснабдителниот систем во Гевгелија

Објавено на 22.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рок од шест месеци е предвидено да се изгради системот за обезбедување на дополнителни количини на вода за општина Гевгелија. Министерството за транспорт и врски пред неколку дена го потпиша договорот со фирмата „Карпош АД“ од Скопје за изведба на овој инфраструктурен проект. Финансиската конструкција на проектот изнесува 7.988.600 денари, се наведува во договорот објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Тендерската постапка за овој проект беше објавена во текот на изминатово лето.

 

Проектот за унапредување на водоснабдителниот систем во Гевгелија започна да се реализира на почетокот од годинава. Од Светската банка и од ИПА фондовите на Европската Унија беа обезбедени финансиски средства од 1,7 милиони евра за реализација на овој инфраструктурен зафат.