Претходна статија
Експанзијата на обновливата енергија во земјава ја одбележа 2014 година
Следна статија
Повторно тендер за довршување на плоштадот „Пресвета Богородица“

Капацитетот на новиот стадион во Битола намален за 2.000 гледачи

Објавено на 08.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ќе претрпи ли измени веќе изготвената проектна документација за новиот стадион?Како што минува времето, така се намалува планираниот капацитет на фудбалскиот стадион под Тумбе Кафе во Битола, за кој е најавена темелна реконструкција и доградба. Наместо проектираните 12.000 гледачи, последните проценки на општинските власти говорат дека стадионот ќе се проширува и надградува за да може да прими најмногу 9.907 гледачи. Предвидено е спортското здание да се гради на четири градежни парцели, кои се дел од урбанистичкиот план за „Тумбе Кафе Битола“. Општината во моментов е во потрага по проектантско биро што ќе го изработи архитектонско урбанистичкиот проект – крајниот рок за доставување на понуди од заинтересираните субјекти истекува на 13 јануари.

 

Локалната самоуправа веќе потпиша договор со Фудбалската федерација на Македонија за изведба на природна трева на градскиот стадион според стандардите на УЕФА, проект вреден околу 800 илјади евра. Предвидено е да се постават рефлектори за играње на ноќни фудбалски натпревари, а должност на Општина Битола е да пронајде приватен партнер за реконструкција на постоечката трибина и за изградба на три нови трибини. Досега беше изработена проектна документација од „Мегарон Инженеринг“, но истата се однесуваше за спортски објект со планиран капацитет од 12.000 гледачи. Првичната проценка на трошоците за реализација на новиот стадион изнесуваше околу 8 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект