На наддавање на кое беше единствена заинтересирана страна, компанијата „Камфуд“ се здоби со нова градежна парцела покрај јужниот булевар во центарот на Скопје. За земјиштето со површина од 2.085 метри квадратни, „Камфуд“ на државата ќе и плати сума во висина на почетната цена, односно околу 225 илјади евра. Максималната површина за градење изнесува 435 метри квадратни, а инвеститорот ќе може да подигне здание со дозволена висина од 5 метри, со класа на намена за изградба на големи трговски единици. Алтернативни класи на намена кои може да достигнат до 40% од површината на објектот се: колективно домување, групно сместување, времено сместување, големи угостителски единици, деловни дејности и државни институции. Веднаш до оваа локација, на доста поголема површина, „Камфуд“ веќе гради објект – Пазар со административно деловни содржини.