Претходна статија
Ставен под напон нов далновод за сигурно снабдување на Битола
Следна статија
Градскиот буџет на Скопје за догодина тежок речиси 90 милиони евра

Камен темелник за ТИРЗ Тетово, по втор пат

Објавено на 08.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и Ерик Веле Ватне, директор на „Иновејшан Норвеј“, дел од норвешки НОРМАК, денеска поставија камен темелник на Технолошко – индустриската развојна зона Тетово (ТИРЗ Тетово). Нивите во близина на селото Сараќино по втор пат во изминативе три години се сведоци на свечено започнување на изградбата на овој проект, иако според зборовите на премиерот Никола Груевски, некогашните имотно – правни проблеми сега се надминати и се отвора можност за изградба на првата македонска зона од овој тип по принципот на јавно – приватно партнерство. Норвешката компанија „Нормак инвестмент груп“, како концесионер на зоната, ќе треба да инвестира во изведба на внатрешната инфраструктура, додека македонската страна ќе биде задолжена за изградба на надворешната инфраструктура, поточно за реализација на приклучокот кон автопатот Скопје – Тетово.

 

#Во наредните пет години е предвидено да се вложат седум милиони евра, инвестиција што постепено ќе биде спроведена во три фази. Градежното земјиште е со површина од над 97 хектари и на оваа локација норвешките партнери ќе треба да привлечат странски фирми што се заинтересирани да изградат индустриски погони. Концесионерот ќе управува со ТИРЗ Тетово во наредните 96 години, при што е должен на државата да и дава надоместок за управување на земјиштето. Договорот помеѓу државата и приватниот партнер беше потпишан на почетокот од годинава. „Нормак инвестмент груп“ е новоформирана компанија, зад која стои конзорциум од три приватни и две државни фирми од Норвешка.

 

» Форумска дискусија за ТИРЗ Тетово

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=l4mYwyFeLPI&rel=0&w=515]