Денес во Богданци стартуваше изградбата на откупно – дистрибутивен центар за овошје и зеленчук на германската компанија „Таурус Фармс“. Инвестицијата е тешка 2,5 милиони евра, а комплексот со површина од над 4.000 метри квадратни ќе содржи ладилник, магацински простор, товарна рампа и административни простории. Инвеститорот најавува и втора фаза на проектот во која ќе вложи 15 милиони евра, како и изградба на фабрика за производство на готов помфрит која ќе преработува 250 илјади тони компир годишно и во која е планирано да бидат вложени околу 35 милиони евра.