Претходна статија
Подземна сообраќајница во спротивност со Генералниот урбанистички план на главниот град
Следна статија
Конечно се подига браната Света Петка

Камен темелник за новиот објект на АЕК

Објавено на 30.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Уште еден камен темелник од проектот „Скопје 2014“. Премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски денес го означија почетокот на изградба на зградата предвидена за потребите на Агенцијата. Локацијата е на Кејот Димитар Влахов, на просторот помеѓу објектите на Уставниот суд и Обвинителството кои се исто така во изградба, како дел од „Скопје 2014“.

 

Своето ново седиште Агенцијата за електронски комуникации ќе го гради од сопствени средства. Вредноста на инвестицијата до клуч на рака е 8,5 милиони евра, кои треба да дојдат од буџетите на оваа институција за 2011 и 2012 година. Објектот се гради на основа од 387 метри квадратни и ќе има корисна површина од 3.300 метри квадратни. Проектот е изработен од страна на „Неимар инженеринг“, а изведувач на градежните работи е „Гранит“, кој победил на тендерот помеѓу осум кандидати, но цената на понудите не била пресуден критериум. Надзорот го врши „Геинг“. Рокот за изведба е 15 месеци.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде