Претходна статија
Кредит од ЕБОР за Првомајска и за ЦУКС
Следна статија
Гасификацијата на Струмица влегува во завршна фаза

Камен темелник за фабрика на Џонсон Контролс во Штип

Објавено на 17.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ќе никне првата фабрика во Технолошко – индустриската развојна зона Штип. Американската компанија „Џонсон Контролс“ (Johnson Controls, Inc.) денеска почна со изградба на производствен капацитет во зоната. Фабриката ќе произведува тапацир за автомобилски седишта, а инвестицијата е во висина од 20 милиони евра. Се очекува да бидат ангажирани околу 1.400 работници. Веќе се објавени огласи за новите вработувања и се подготвува просторот каде времено ќе почне обуката на кадарот. Според планот, производството треба да стартува во септември догодина. После фабриката во зоната „Бунарџик“, ова е втор производствен капацитет на „Џонсон Контролс“ во земјава.

 

Џонсон Контролс - ТИРЗ ШтипЏонсон Контролс - ТИРЗ ШтипЏонсон Контролс - ТИРЗ ШтипЏонсон Контролс - ТИРЗ Штип