Претходна статија
Се санира фасадата на Архивската зграда во Струмица
Следна статија
Штипски „Бетон“ со намалена добивка во првиот квартал

„Јахја Кемал“ отвора современ образовен објект во Тафталиџе

Објавено на 04.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По една и пол година минати во изградба, скопската општина Карпош го доби првото „паметно“ училиште во Македонија. Турскиот „Јахја Кемал Колеџ“ го реализираше својот проект за новото приватно основно и средно училиште населбата Тафталиџе [»мапа], кое се простира на приземје, три ката и поткровје. Иновативната настава ќе се спроведува со примена на современи образовни и технолошки достигнувања, како што се 3D проекторите со Smart Board. Најнови технички помагала се вградени и во специјализираните кабинети по математика, физика, хемија, биологија и информатика.

 

 

 

Покрај класичните училници, во објектот се изведени и специјализирани простории за реализација на воннаставни активности од областа на уметноста, техниката, музиката, забавата, рекреацијата и спортот. Училиштето располага со модерно опремена кино сала, повеќенаменска спортска сала, надворешни спортски терени, современа кујна и кафетерија за учениците и вработените. Едукативниот процес ќе го отвори најновата генерација на ученици, кои во моментов минуваат низ постапка на тестирање пред процесот на нивно запишување.

 

Проектната документација за новиот објект на „Јахја Кемал“ во Тафталиџе е дело на „УРБАН КОМ“ од Скопје, додека изведбените работи во изминативе една и пол година ги реализираа фирмите „ЃМ Компани“ и „Мина Констракшн“ од Скопје. „Јахја Кемал Колеџ“ ја купи градежната парцела со површина 10.430 метри квадратни од општина Карпош во јуни 2013 година, за која плати 9.500 денари за метар квадратен, или вкупно околу 1,6 милиони евра.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски