Претходна статија
Уште шест станбени згради во Карпош ќе добијат нови фасади
Следна статија
Се бара нов изглед за 20-тина објекти во центарот на Скопје

Јагленот ќе мора да се истисне од производството на електрична енергија

Објавено на 23.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија произведува валкана електрична енергија од цврсти горива. Земјава најдоцна до 2022 година ќе треба да го истисне јагленот како енергенс за производство на електрична енергија, објаснуваат професорите Стефан Бужаровски и Стивен Глин од Универзитетот во Мичиген. Според изработената студија од експертите, Македонија треба да се насочи кон инвестирање во енергетска ефикасност и во обновливи извори на енергија. Употребата на сонцето, ветерот и водата може да учествува во 80% од производството на електрична енергија во земјава. Дополнително, во изработената студија се посочуваат три можни сценарија за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

 

Првото сценарио предвидува намалување на потрошувачката на електрична енергија преку спроведување на мерките за енергетска ефикасност. Втората опција е поврзана со зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија, без промена на потрошувачката на електрична енергија. Третото сценарио е засновано на зголемување на ползувањето на обновливите извори на енергија, заедно со намалување на потрошувачката на електрична енергија. Студијата е изработена во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко – свест“ од Скопје.

 

Пред повеќе од еден месец, „Еко – свест“, заедно со неколку регионални граѓански здруженија, го публикуваше извештајот „Топла, безбедна, чиста енергија – Кој е патот кој го одбира Југоисточна Европа?“. Заедно со Косово и Србија, Македонија е неславен лидер меѓу балканските држави во производството на валкана електрична енергија од цврсти горива.