Претходна статија
Туристички комплекс ќе се гради и на местото на автокампот „Ливадиште“?
Следна статија
Дополнителни 450 илјади евра за античките столбови на Министерството за правда

Изведбата на сувата градба да се стандардизира и во Македонија

Објавено на 10.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Групацијата за сува градба при Стопанската комора на Македонија на денешната прес – конференција побара градбата на сувомонтажни системи со гипсени плочи да се регулира со нормативи како дел од подзаконската регулатива за градење. Од нивна страна веќе се изготвени техничките нормативи за сува градба по теркот на европските земји и во претстојниот период ќе бидат изложени пред стручната јавност. Групацијата ќе ги достави изработените документи до Министерството за транспорт и врски за да се овозможи истите да станат дел од регулативата. Тие опфаќаат изготвување на македонски називи за поединечните системи за сува градба, дефинирање на описните текстови и утврдување на точни правила за мерење кон кои ќе се придржуваат сите учесници во градбата.

 

Примената на подготвените нормативи ќе обезбеди истиснување на нелојалната конкуренција на македонскиот пазар на сува градба и правилна понуда за изведба на системите за сува градба. „Целта е нормативите што ќе се базираат на важечките европски стандарди да станат дел од регулативата за да може да се заштитат интересите на инвеститорите, проектантите и на изведувачите на сува градба“, истакна Иван Слафоски, претседател на Групацијата за сува градба. Изведувачите на сува градба во земјава најчесто се ангажираат при изградба на нови градби и при реконструкцијата на каков било објект од високоградбата, сектор кој учествува со околу 77% од вкупно добиените градежни дозволи во 2013 година.