Претходна статија
Македонија стана дел од ЕДИСОН проектот
Следна статија
Ќе се гради фекална канализација и пречистителна станица за прилепско Ропотово

Изложбата „Затемнетиот град“ на Ерина Богоева во петок во МСУ

Објавено на 18.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Музејот на современа уметност во Скопје во петок ќе се отвори изложбата на фотографии „Затемнетиот град“ на авторката Ерина Богоева. Оваа изложба е дел од поширокиот истражувачко – фотографски проект што ја следи архитектонската скулптура на територијата на Република Македонија, а е започнат од страна на авторката во 2012 година. На настанот ќе бидат изложени фотографии од архитектонските скулптури на архитектите Јанко Константинов, Георги Константиновски, Славко Брезоски, Едвард Равникар, Марко Мушич и други архитекти – творци на значајни објекти во главниот град.

 

 

„Низ фотографиите на убавите урбани линии на брутализмот и модерноста е изразен и личниот револт што тие сега претставуваат дел од нашиот затемнет град“ се нагласува во сижето за претстојната изложба. Изложбата „Затемнетиот град“ е дел од настаните во рамките на програмата „Нов културен бран 2017“ на Министерството за култура.