Во вторник (12 март), во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата „Ослободување на просторот“, со која Македонија учествуваше на минатогодишното Венециско биенале за архитектура. Проектот го испитува наследството што го остави зад себе „Скопје 2014“ преку четирите избрани простори кои претрпеа коренити промени – Македонската опера и балет, Телекомуникацискиот центар и ПТТ – салата, објектот на Владата и стоковната куќа „На – Ма“ на плоштадот „Македонија“.
Автори на проектот се Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.