Во рамките на одбележувањето на 54 години од скопскиот катастрофален земјотрес, во Музејот на град Скопје утревечер ќе се отвори изложбата „АрхиТРАНСформа-Archiбелези“ на авторките Јасминка Намичева и Екатерина Намичева. Изложбата презентира архивски документи, фотографии и реконструкции на градбите, со кои е направен преглед на училишните објекти во Скопје, изградени во периодот помеѓу двете светски војни (1918-1941 година). Отворањето на изложбата е закажано во 20 часот.
„Најголемиот дел од анализираните објекти ќе го потврдат значењето на творештвото на архитектите кои твореле во Скопје во меѓувоениот период, но уште повеќе ќе бидат повод за уште едно навраќање во детството за сите граѓани на Скопје кои своите коленици многупати ги имаат одрано од школските дворови околу овие објекти“ се наведува во приказот за претстојната изложба.