Претходна статија
ЈСП „Скопје“ го објави тендерот за изградба на Панорамското тркало
Следна статија
Приватен здравствен објект ќе никне до Градската болница „8 Септември“

Изложба и промоција на Архитектонски водич низ Невидливо Скопје

Објавено на 02.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Невидливо СкопјеВо Музејот на град Скопје, утре (3-ти декември) со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата Невидливо Скопје и ќе се промовира публикацијата Архитектонски водич низ Невидливо Скопје. Студијата Невидливо Скопје претставува истражувачки проект насочен кон проучување на јавните простори во градот. Во студијата се опфатени 51 место во градот. Секое од истражуваните места е претставено преку неколку текстуални и графички прилози. Идеја на истражувањето е да се откријат, документираат, проучат и јавно претстават местата каде во рамките на комплексниот урбан пејзаж на градот Скопје се создава, раѓа, предизвикува или обликува скриената (суб)култура на секојдневното градско живеење „под отворено небо“. Оваа студија е производ на љубопитноста и истражувачкиот дух на група архитекти и студенти по архитектура од Скопје. Во таа смисла, проектот претставува обид, низ архитектонскиот дискурс, да одговориме на прашањето: каде сé и преку кои форми се манифестира секојдневното урбано живеење, односно урбаноста на градот Скопје на почетокот на XXIвек?!