Изложбата „Архитектите за европско Скопје“ ќе се отвори на 5 ноември, со почеток од 20 часот, во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ). На настанот ќе бидат изложени завршните архитектонски проекти и аналитички модели на студентите на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Куратор на изложбата е професорката Анета Христова – Поповска. Изложбата е во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ и Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.