Претходна статија
Американски „Адиент“ отвори фабрика во ТИРЗ Струмица
Следна статија
Конкурс за нова спортска сала за КК „Работнички“

Изградбата на транспортната инфраструктура го одржува градежништвото на нозе

Објавено на 16.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонските градежни компании во текот на 2016 година најмногу работеле на проекти од областа на транспортната инфраструктура. Деловните субјекти од овој сектор извршиле градежни работи во висина од над 11 милијарди денари во изминатите 12 месеци, покажуваат податоците од Годишниот извештај на Државниот завод за статистика. Изградбата на патишта, пруги и останата инфраструктура за транспортот го придвижува развојот на градежништвото по завршувањето на проектот „Скопје 2014“. Значаен удел во работата на градежните компании лани имале реконструкцијата, санацијата, адаптацијата, големите поправки и редовното одржување на објектите, каде се реализирани околу 5 милијарди денари во градежни работи.

 

 

Статистичките податоци покажуваат зголемување на јавната потрошувачка во градежништвото во текот на 2016 година. Јавната изградба учествувала со 23,8 милијарди денари во извршените градежни работи, вклучувајќи ги тука инвестициите на државните власти и на локалните самоуправи. Вкупната вредност на извршените градежни работи лани била заокружена на над 45,6 милијарди денари.