Претходна статија
Поништен Конкурсот за фасадите околу плоштадот „Филип Втори“
Следна статија
Расте увозот на електрична енергија

Изградбата на монтажен објект – решение со многу предности

Објавено на 25.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иновативно и евтино градителско решение кое се изведува на терен во минимален временски период. Поради овие извонредни карактеристики, монтажните објекти насекаде во развиените земји се најефикасно решение за граѓаните при инвестирањето во нов дом или бизнис проект. Во некои земји од Западниот свет се изградени цели градови од монтажни објекти. На македонскиот пазар постепено се развива овој градежен сектор, со континуиран пораст на бројот на компании што нудат изведба на ваков тип објекти. Со помош на MarketKonekt, сите тие се лесно достапни до секој заинтересиран граѓанин. Од иницијална идеја до финална реализација, и во Македонија можат да се изградат монтажни објекти од соништата.

 

##

 

 

Во групата на монтажни објекти спаѓаат дрвените куќи како симбол за удобен живот и здрав животен простор. Дрвото се смета за најадекватен градежен материјал за човекот, кој се користел при изградбата на објектите со векови наназад. Современото градежништво ја комбинира дрвната конструкција со ефикасна топлинска и звучна изолација, со која брвнарата постанува идеално решение при инвестирањето во изградба на нова куќа за живеење или на викендичка за рекреација и одмор во текот на слободните денови.

 

##

 

 

Комбинацијата на дрвото со други градежни материјали овозможува задоволување на најстрогите стандарди за живеење. Монтажните објекти ги почитуваат мерките за енергетска ефикасност, овозможувајќи заштеда на енергија во внатрешните простории и до 80%. Предноста на овој тип зданија е и максималната прилагодливост со градежната маркичка на инвеститорот, која овозможува целосно искористување на просторот според изготвениот проект.

 

Покрај за живеење и за времено сместување, монтажното градење е вистинската опција и при изведба на објекти со друга намена. Угостителските зданија и сместувачките капацитети се уште една извонредна можност за успешно инвестирање преку изборот на монтажните објекти. Разновидни ресторани, кафе – барови, мотели и други помали објекти можат да се изработат од страна на градежните компании. Употребата на овој тип објекти во развиените земји постанува актуелен тренд и во Македонија.