Претходна статија
Велосипедистите бараат слободно да се движат по Кејот на Вардар
Следна статија
Продолжуваат сплетките со ДУП-от за населбата Карпош 4

Изградбата на киното „Манаки“ во Битола влегува во нова фаза

Објавено на 25.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од две години од почетокот на изведбените работи, култното кино „Манаки“ е обновено на истата локација на некогашниот објект и повторно го краси битолски Широк Сокак. Првата фаза од реализацијата на проектот е завршена, а општина Битола денеска објави тендер за изведувач на градежно – занаетчиските работи и електриката за вториот дел од објектот. За вториот дел од проектот за изградба на киното „Манаки“ е проценето дека ќе се потрошат околу 154.000 евра.

 

Во изминативе две години беше завршен првиот дел од киното „Манаки“ со површина од 378 метри квадратни, во чии рамки има кино сала со капацитет од 150 седишта, како и две музејски простории во кои ќе бидат сместени восочните фигури на браќата Манаки. Општина Битола досега во проектот инвестираше околу 19 милиони денари. Изведувач на високоградбата, водоводната, хидрантската и канализационата мрежа на објектот е „БВ Инженеринг“, додека инсталацијата за греење, ладење и вентилација ја постави фирмата „Техно“. Проектот беше обелоденет кон крајот на 2012 година.