Претходна статија
Започна изградбата на новиот КПД „Идризово“
Следна статија
Продадени парцели за станбени згради и куќи во општина Аеродром

Избрани идејни решенија за плажи на Дојранското и Преспанското езеро

Објавено на 17.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Архитектонските трудови на скопскoтo проектантско биро „Астрекс“ и на проектантот Васко Крстевски се избрани како најдобро рангирани на распишаниот Конкурс за изработка на идејни решенија за уредување на 1,2 километри плажи долж брегот на Дојранското и Преспанското езеро. Формираната жири – комисија при Министерството за транспорт и врски одлучи да додели две втори награди во износ од 50.000 денари на двете дела, со образложение дека на конкурсот нема пристигнато проект кој што би можел да се прифати без стручни забелешки и дополнителна доработка. Во согласност со идејата на надлежното министерство, предвидено да се уредат 500 метри плажи во централното градско подрачје на Дојран и дополнителни 100 метри вон населеното место, како и 500 метри плажи во преспанската населба Стење и дополнителни 100 метри во населбата Сливница.

 

Идните плажи е предвидено хортикултурно да се уредат, да се постави шанк, урбана опрема, санитарни јазли, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Целта на проектот е Преспанското и Дојранското езеро подготвено да ги дочекаат посетителите на почетокот од наредната туристичка сезона. За уредување на плажите ќе се издвојат финансиски средства од државниот буџет. Конкурсот за избор на идејни решенија беше објавен на почетокот од јуни годинава.