Претходна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Форум Скопје 2010
Следна статија
Бигорскиот Манастир ќе се подигне од пепелта

Избран проектот за новиот административен објект на Општина Карпош

Објавено на 25.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Административен објект на Општина КарпошОпштина Карпош ќе ја гради новата административна зграда според проектот изработен од архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“. Тие се победници на конкурсот распишан од општината на почетокот на оваа година. Новиот објект ќе ги замени дотраените бараки во кои е моментално сместена општинската администрација. Тој ќе се простира на околу 7.500 метри квадратни и ќе има две подземни нивоа, приземје, три ката и подпокрив. Освен просториите за општинските служби објектот ќе вклучува и матична служба која треба да понуди впечатливо церемонијално искуство со оглед на тоа дека ова прашање не е решено ниту на градско ниво.Административен објект на Општина Карпош Во внатрешноста на објектот доминантен дел зазема централниот хол околу кој програмски се надоврзуваат општинските служби. Пред главниот влез на објектот пак е предвиден простор кој ќе служи како собиралиште од јавен карактер а приземјето во овој дел е вовлечено. Со изложеноста на кровната фасада кон сончевата јужна страна предвидено е зградата да биде само-одржлива и да се стимулира користењето на алтернативни еколошки извори на енергија.