Претходна статија
Скопски „Синтек“ ќе го санира Мелнички мост на патот Маврово - Дебар
Следна статија
За 18 месеци ќе биде завршен патот до Сончев град

Избран консултант за изградба на новиот објект на Драмски театар

Објавено на 22.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за култура потпиша договор со консултантската куќа „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити студија за оправданоста од воспоставување на јавно – приватно партнерство и услуги за посредување во реализацијата на договорот со приватниот партнер за изградба на новиот објект на Драмски театар. Консултантската куќа доби рок од 160 дена за да ја изработи документацијата, по што ќе се знае дали надлежното министерство ќе распише оглас за избор на приватен инвеститор што ќе го гради идното здание во Карпош 2, на местото на постоечкиот објект. За подготовка на документација ќе бидат исплатени 10.266.000 денари или околу 165 илјади евра од државниот буџет. Во изминативе неколку години, за реализација на новиот Драмски театар беше изработено идејно решение од страна на архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“, но и основен проект од „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје.

 

 

 

 

Идното седиште на Драмски театар треба да биде завршено до крајот на 2015 година. Замислата е постоечката зграда да се сруши и на нејзино место да се изгради објект со висина од 30 метри. Од предвидените шест ката, на театарот ќе му припаднат приземјето и првите два ката, додека останатите простории ќе ги добие приватниот партнер.

 

Министерството за култура за иста сума неодамна склучи договор со „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити студија со која ќе се утврди оправданоста од воспоставувањето на јавно – приватно партнерство и за планираниот нов објект на театарот „Центар“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект