Најдобрите 19 студенти кои дипломирале на некој техничките факултети во Република Македонија вчера се стекнаа со признанието „Инженерски прстен 2015“. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов им ги додели признанијата на младите професионалци на свечената манифестација, која што се организираше на локалитетот Плаошник во Охрид. Од името на добитниците на овогодинешното признание се обрати Анита Поповска. „Оваа награда е добар потсетник, а воедно и најголемо достигнување во образованието на еден млад инженер“, истакнаа таа. На свечената манифестација се обрати и претседателот Иванов, кој им ги честита признанијата на овогодинешните добитници. „Инвестирањето во инженерското образование почна да дава резултати. Ново формираните технички факултети од инженерските струки веќе ги промовираа првите генерации апсолвенти, затоа годинава имаме рекордни добитници на „Инженерски прстен“, рече во својот говор Ѓорге Иванов.
Манифестацијата „Инженерски прстен“ е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија. Овој настан претставува поттик за изучување на инженерството во земјава, и воедно претставува придонес во оформувањето на квалитетен инженерски подмладок.