Втор производствен погон на италијанската компанија „Витило“ денес беше отворен во индустриската зона Бунарџик. Станува збор за инвестиција вредна 10 милиони евра, која во фабриката ќе обезбеди вработување на 100 нови лица. Генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило најави дека компанијата планира во текот на наредната година да отвори уште една фабрика во земјава, со што вкупната инвестиција на „Витило“ во Македонија ќе достигне 30 милиони евра, а бројот на вработени ќе се искачи на 300 лица.
* Извор на фотографија: Влада на Р.М.
„Витило“ како италијански инвеститор во нашата земја е присутен од 2011 година. Во индустриските објекти произведуваат хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за голем број на индустрии. Производството од земјава се пласира на европскиот пазар, земјите од Заливот и на американскиот континент. Производствените погони на компанијата во земјава се простираат на 12.000 метри квадратни, од кои 5.000 метри квадратни се наменети за логистика.