Претходна статија
Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија
Следна статија
Гостивар ќе работи на идеен проект за гасификација на градот

Исцрпени субвенциите за печки на пелети на Министерството за економија

Објавено на 13.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Исто како и кај повиците распишани од Градот Скопје, граѓаните навалија на субвенции за купување печки за греење на пелети што беа предвидени од Министерството за економија. И покрај тоа што пролетва од ова министерство веќе доделија субвенции на 433 домаќинства, владата со Ребалансот на буџетот издвои дополнителни 7 милиони денари за оваа намена, кои ќе бидат доволни за околу 200 домаќинства што конкурирале на повикот. Од Министерството за економија информираат дека и вториот јавен повик е затворен, бидејќи во периодот од две недели се исцрпија средствата предвидени за оваа намена.

 

 

Принципот по кој се врши доделувањето на надоместокот е „прв дојден прв услужен“, но веќе се поднесени доволен број барања со кои се потрошени определените средства. Владата и за наредната година предвидува да одвои финансиски средства за надоместување на дел од трошоците за купување печки за грееење на пелети.

 

„Целта на оваа мерка за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут, беше да се стимулираат домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално го загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени“, велат од Министерството за економија.