Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се кити гобленската зграда на АДСДП кај Македонска опера и балет
Следна статија
ФЕЉТОН: Индустрискиот развој - врвен приоритет при проектирањето на Скопје (9)

Истражувачка сторија на „Плоштад Слобода“ за регулацијата на коритото на Вардар

Објавено на 25.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Концептот за заеднички добра или commons се залага за тоа дека некои форми на добра и ресурси ни припаѓаат на сите на и тие мора да бидат активно штитени и управувани за добробитта на сите.

Регулацијата на коритото на реката Вардар е од особено важење за жителите на Скопје и оние кои поминуваат време во овој град. Од една страна е заедничката придобивка – заштита при природни непогоди, зголемување на нивото на водите. Од друга страна, пак, регулацијата овозможи и урбанистичко уредување на просторот во социјален јавен простор, нешто што особено го промени социјалниот живот на граѓаните.

Денес, целата приказна околу регулацијата во централното подрачје е заборавена и наместо тоа имаме секакви структури и објекти втемелени во реката кои ја загрозуваат безбедноста на цел овој потег! Ова е повик за итно ревидирање на овој зафат од „Скопје 2014“ и што побрзо враќање на теренот во првобитна состојба.

Истражувачката сторија „Напред Вардар“ е дел од три такви стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од страна на Кадар продукција. Проектот поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.Тој укажува на горливи инфраструктурни и теми од областа на животната средина и просторното планирање кои македонското општество што поскоро треба да ги регулира.