Претходна статија
Доцни изградбата на пречистителната станица во Гевгелија
Следна статија
Тапка во место проектот за подземната сообраќајница зад „Рамстор“

„Историската“ реконструкција на патот кон Маврово ќе ни ја финансира Светска банка

Објавено на 27.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По три и пол години од првичното лизгање на земјиштето на регионалниот пат Маврови Анови – Маврово, Јавното претпријатие за државни патишта бара градежна компанија што ќе ја санира нестабилната зона во должина од 70 метри и ќе го реконструира коловозот стар повеќе од 45 години. Наместо со пари од државниот буџет, минорниот градежен зафат што води кон најпознатиот зимско – рекреативен центар ќе се реализира со финансиски средства од Светската банка. Проектот вклучува рехабилитација на коловозот во должина од 6.110 метри и поставување на сообраќајни знаци. Реконструкцијата е предвидено да се заврши во рок од осум месеци. Компаниите треба да ги поднесат своите понуди најдоцна до 7 мај, за кога е предвидено и нивното јавно отворање.

 

Регионалниот пат кон скијачкиот центар Маврово во моментов се наоѓа во катастрофална состојба. Покрај проблемот со лизгање на земјиштето, долж целата траса има огромни дупки што го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот.