Претходна статија
Најавен тендер за изградба на нова судска зграда
Следна статија
RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Источната и западната трибина никнуваат бавно но сигурно

Објавено на 11.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На Националната Арена „Филип II Македонски“ во континуитет се одвиваат работите за нејзино дооформување. Се привршуваат темелите на источната трибина, а западната веќе се извишува. Камен темелник за овие трибини беше поставен на 08.09.2009, набргу после промовирањето на новата северна трибина кое се случи еден месец пред тоа. Градежните работи повторно ги изведува „Бетон“. „Исток“ и „запад“ ќе имаат по 5.960 седишта и корисна површина по околу 5.000 метри квадратни.


Источна трибинаИстовремено тече и проектот за реконструкција и осовременување на јужната трибина. На почетокот на декември, од Фудбалската Федерација на Македонија соопштија дека се во напредна фаза на преговори со репрезентацијата на Аргентина, за одигрување на пријателски меч во април, на нашиот национален стадион. Од ФФМ изразија оптимизам дека дотогаш јужната трибина на „Филип Втори“ ќе биде опремена со ново адекватно осветлување, нов покрив и нови седишта.


Западна трибинаСпоред програмата за изградба на арената, вкупната инвестиција тежи 60 милиони евра и треба да се реализира до 2013 година. Во тој период треба целосно да се изгради и оспособи поттрибинскиот простор и да се изведе современо фасадно обликување на целиот стадион. Меѓудругото, „Филип Втори“ ќе има и дополнителни простории за спорт и релаксација, фитнес и спа-центар, сместувачки капацитети и паркиралиште. Исто така со програмата е предвидено да реконструираат и фудбалскиот терен и атлетската патека.




Форумска дискусија за овој проект –> овде