Комората на овластени архитекти и на овластени инженери на Македонија во изминативе три дена беше домаќин на состанокот на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС). Инженери-членови на коморите од Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и од Бугарија дебатираа за поголемо вреднување на трудот и признавање на нивните овластувања. На состанокот беше промовиран нов проект раководен од македонската Комора за проблемот со масовната емиграција на инженерската интелигенција во изминативе две децении од земјите во регионов.
Коморите од сите шест земји од регионов во моментов работат на шест заеднички проекти од интерес на инженерската струка, при што македонската Комора го води проектот за инженерските образовни квалификации и признавање на овластувањата помеѓу земјите-членки на ИИРС. Инженерската иницијатива за регионална соработка е оформена во 2011 година во Црна Гора и истата одржува состаноци на секои шест месеци во некоја од земјите во регионот.