Претходна статија
880 илјади евра за реконструкција на фасада на улицата „Македонија“
Следна статија
Се бара нов изглед за десетици згради во строгиот центар на Скопје!

Инвестиција од 5,5 милиони евра во индустриската зона во Илинден

Објавено на 06.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нов индустриски погон за производство на кондиторски производи ќе никне во економската зона Марино – Кадино во Општина Илинден. Се работи за вложување на компанијата „Гранд – Експорт“ во вредност од 5,5 милиони евра, кое ќе отвори 30 нови работни места. Фабриката се гради на парцела со површина од 5.000 метри квадратни, а рокот за нејзината изградба е една година. На денешното поставување камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

 

 * извор: Општина Илинден

 

 

Оваа локална самоуправа во скопскиот регион е една од најатрактивните во Македонија во однос на пројавениот интерес на инвеститорите за реализација на нивните проекти. Само во изминативе две години се отворија неколку индустриски објекти на домашни и странски инвеститори, меѓу кои погонот на „Пекабеско“ и фабриката за работна и заштитна опрема на холандски „Ван Пајнброк Текстил“.