Претходна статија
Започна изградбата на објектот во кој ќе се сместат Факултетот за драмски уметности и бројни државни институции
Следна статија
Реконструкцијата на автопатот Катланово - Велес ќе заврши до крајот на годинава

Инвеститорите покажаа голем интерес за индустриската зона „Металец“ во Прилеп

Објавено на 17.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од урбанистичкиот план за индустриската зона „Металец“Прогнозите на локалната самоуправа се остварија, компаниите покажаа интерес за изградба на нови фабрики во Прилеп. На денешното електронско јавно наддавање се продадоа осум од огласените дванаесет градежни парцели во индустриската зона „Металец“, со намена за подигање на објекти од лесна и незагадувачка индустрија. Заинтересираните субјекти купија земјиште со вкупна површина од 24.392 метри квадратни и површина за градење од 9.825 метри квадратни, а цената на парцелите достигна од 161 до 462 денари за квадрат. Општина Прилеп од денешната продажба во буџетската каса инкасираше вкупно 5.476.470 денари или околу 90.000 евра. Во наредните шест години инвеститорите имаат можност да изградат објекти со висина од 7,6 метри, за кои ќе треба да ги платат комуналиите и да обезбедат одобрение за градење во рок од шест месеци.

 

Засега нема информации дали ќе одат повторно на лицитација непродадените четири градежни парцели, а општина Прилеп веќе на 27 април има закажано ново електронско наддавање за оттуѓување на земјиште на девет локации во индустриската зона „Металец“. Вкупната површина на сите понудени градежни парцели изнесува околу 72.000 метри квадратни. На терен се извршени сите приклучоци кон постојната инфраструктура, така што инвеститорите можат веднаш по добивањето на градежната дозвола да започнат со градење. Од локалната самоуправа во Прилеп напоменуваат дека се планира изградба на уште две индустриски зони кај „Жито Прилеп“ и кај Сточниот пазар.

 

 

» Форумска дискусија за индустриската зона „Металец“