Претходна статија
Изложба на спомениците и спомен обележјата од НОБ во Музејот на град Скопје
Следна статија
Возилата ќе добијат еколошки налепници, субвенции ќе има за набавка на електрични и хибридни возила

Интензивно се гради системот за наводнување „Равен – Речица“

Објавено на 08.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство интензивно работи на изградба на системот за наводнување „Равен – Речица“, со кој ќе се овозможи зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион. Во овој момент се одвиваат градежните работи во делот на изградбата на изливниот базен во којшто ќе се собира водата, се врши копање на каналот за цевководот и изградени се пристапните патишта до базенот и до цевководот. Проектот вреден 975 милиони денари ќе се гради во две фази и се очекува да биде завршен во рок од 5 години. Градежните работи на терен започнаа кон крајот на август годинава.

 

 

Со системот за наводнување „Равен – Речица“ ќе се наводнува земјоделската површина која се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, на потегот меѓу Здуње и Мала Речица. Со овој проект ќе бидат опфатени и дополнителни 300 хектари, кои како површина се наоѓаат под автопатот Тетово – Гостивар, во атарот на населеното место Горно Седларце.