Претходна статија
Се продава парцела за образовна установа зад ТЦ „Скопјанка“
Следна статија
Скопски „Бетон“ ќе ја догради катната гаража кај „Беко“

Иновативните подземни контејнери пристигнуваат и во Скопје

Објавено на 06.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Подземни контејнериКомуналниот отпад во главниот град во иднина ќе се фрла во подземни контејнери. Градот Скопје во соработка со Општина Центар и Ј.П. „Комунална хигиена“ денеска го започнаа проектот за поставување на современ систем за складирање и за подигање на комуналниот отпад во централното градско подрачје. На 15 локации ќе се постават вкупно 47 подземни контејнери со зафатнина од три кубни метри, произведени од страна на словенечката компанија „Атрик“. Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот.

 

За реализацијата на проектот се издвоени финансиски средства во висина од 33 милиони денари, од кои Градот Скопје и Општина Центар учествуваат со по 10 милиони, додека Ј.П. „Комунална хигиена“ обезбеди 13 милиони денари. Рокот за поставување на подземните контејнери изнесува 120 денa. Градот Скопје во наредниот период планира да го прошири овој проект и во останатите скопски општини.