Претходна статија
Заврши првата фаза од проширувањето на булеварот Трета Македонска бригада
Следна статија
Ќе се работи на студија за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Инфраструктурно ќе се поврзе комплексот „Милци“ во близина на ГП „Богородица“

Објавено на 10.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гевгелија планира да ја изгради патната инфраструктура за поврзување на постоечките хотели, казина и индустриски објекти од комплексот „Милци“ со автопатот од Коридорот 10. Атрактивниот простор за инвестирање е лоциран во непосредна близина на граничниот премин „Богородица“, кој досега имаше проблеми со сообраќајниот пристап. Веќе е склучен договор со фирмата „ЕУРОИНГ Ѓорѓе“ од Гевгелија за изведба на примарната и на секундарната сообраќајна мрежа, за која се издвоени финансиски средства во износ од 66.993.134 денари или околу 1,1 милиони евра. Инфраструктурниот потфат ќе се реализира во наредните 24 месеци, се наведува во податоците што денеска се објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

 

 

 

 

Најзначаен сегмент од целокупниот проект на општина Гевгелија е довршувањето на новата клучка, со која ќе се обезбеди директно поврзување на овој комплекс со двете страни од автопатот. Покрај големите компании што се лоцирани на овој потег, со изградбата на инфраструктурниот објект ќе се реши и сообраќајното поврзување до сите населени места лоцирани во овој дел од општината. Во функција на изведба на зацртаната клучка, Јавното претпријатие за државни патишта веќе го изгради натпатникот на оваа локација.