Претходна статија
Американски ТЕЛАМОН инвестира 4 милиони евра во нова фабрика во Скопје
Следна статија
Во Штип ќе се гради нова детска градинка во населбата Сењак

Индустрискиот објект МЛ ГАРИ – MAYA во конкуренција за архитектонската награда A+ Popular Choice Award

Објавено на 15.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектот за индустрискиот објект МЛ ГАРИ – MAYA на македонскиот архитект Александар Карангелов е во потесна конкуренција за освојување на наградата A+ Popular Choice Award. Неговата авторска творба беше селектирана во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти. Покрај гласањето на комисијата, во тек е и можноста граѓаните да гласаат онлајн за оваа архитектонска награда на следниов линк. Гласањето е отворено до 20 јули. Architizer A+ наградите се одржуваат по 6-ти пат во САД, во организација на Architizer.

Проектот за фабриката за полнење на вода MAYA веќе ја доби Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) за 2017 година. Реализираниот објект во селото Гари, Општина Дебар овојпат ја има шансата да се стекне со архитетонска награда од меѓународен ранг.